Владимир Путин балансира меѓу патриотизмот и политиката во однос на Украина

Од:

Кога Владимир Путин пред неколку дена положи венец на гробот на незнајниот јунак пред ѕидините на Кремљ, тоа беше мирен гест со кој беше одбележан нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз пред 73 годни.

Односите на рускиот претседател кон борците кои денес се борат во источна Украина изгледа далеку подвосмислено. Иако вети дека „ќе ги поддржи намерите“ за примирје, кое го предложи неговиот украински колега Петро Порошенко, тој уште еднаш ја префрли вината за продолжувањето на насилството кон сите други, освен кон проруските бунтовници.

При услови кога конфликтот во Украина изгледа оди кон прекин, Москва се плаши како да ги распореди своите интереси. Од една страна Путин се вклучи во енергично барање за политичко решение – во телефонските разговори со Порошенко и со претседателот на Франција, Франсоа Оланд (по два со секој од нив), и со канцеларот на Германија, Ангела Меркел – разговори во кои, според неименувани дипломати Русија покажала јасни знаци на прагматизам.

Од друга страна, Украина и меѓународните набљудувачи тврдат дека Русија се уште ги снабдува бунтовниците со тешко оружје и ги враќа назад воените сили за кои вети дека ќе ги повлече од границата.

Што се однесува на западот, таму тактиката ја диктираат повиците за уште санкции, затоа што многумина се убедени дека Москва работи на целосно растурање на Украина. Но, внатре во Русија, спорет аналитичарите, сликата е посложена.

– Да се верува дека Русија се подготвува воено да се повлече би било сериозно потценување на интелектуалните можности на Путин, вели Дмитри Тренин, шеф на московскиот центар Карнеги, кој е филијала на американскиот интелектуален траст. – И обратно, она што може да ни изгледа на прв поглед, се шансите за приближување на она кое го сака Путин, и она кое го сака Порошенко. Тие се на пат да склучат зделка.

Извори на кои им се познати детали од состанокот на Путин со неговиот совет за национална безбедност, рекоа дека и покрај одбивањето на Порошенко да размисли за претворањето на Украина во федерална држава, на што инсистира Москва, неговите предлози за поголема децентрализација – вклучувајќи и директно избирање на регионални влади – би можеле да се прифатливи за рускиот претседател.

Според руски надворешно-политички претставници Москва пред се сака „структурна блокада“ за членството на Украина во Нато. Тие велат дека со директни избори на регионални влади би можело да се постигне таа цел, давајќи им поголемо влијание на источноукраиснките политичари кои се против ориентацијата на Киев кон целосна интеграција со западот.

Според аналитичари, иако Москва ги подржува (а можеби и ги организира) бунтовите, затоа што тоа помага во притисокот врз Киев, бунтовниците не се сосема по вкусот на Путин. – Тие вршат работа на Москва, и само толку, изјави Тренин.

Начинот на кој се води руската пропагандна кампања, го потврдува тоа мислење. Кога државната телевизија предводеше во раните фази од украинската криза разгоруваше стравови и омраза кон „фашистичките сили“ во Киев, изјавите и коментарите сега веќе се попретпазливи. Всушност нема јавни напади против Порошенко.

Откако ја искористи Украина за да ги засили патриотските страсти меѓу мнозинството Руси, Путин сега не може да си дозвли претерано да личи на мирољубив „гулаб“, сметаат аналитичарите. На почетокот, неговата воинствена реторика ги подгреа очекувањата на руските националисти по анексијата на Крим во март, дека ќе ја „врати“ и источна Украина. Откако не успеа руската инвазија, некои идеолози –  и од екстремната десница и од екстремната левица, започнаа да го критикуваат претседателот.

Александар Дугин, филозоф националист кој во последниве месеци преживува трансформација од ексцентрична маргинална фигура во идеолог на доминантнотот расположение, го обвини рускиот претседател дека ги предал бунтовниците, како и сопствената земја.

– Путин сега ги предаде не само Доњецката и Луганската народна република, туку и себе си, Русија и сите нас, напиша Дугин на својата Фејсбук страна.

– Тие (бунтовниците) имаат потреба од РЕАЛНА помош, ефективна и неодложна, но таква нема.

Владимир Кучеренко, апологет на Советскиот Сојуз и идеолог на патриотизмот, „несакањето“ на Москва да застане отворено на страната на бунтовниците го оквалификува како „криминал на Кремљ“.

Според Михаил Касјанов, поранешниот премиер кој стана критичар на Путин, рускиот претседател се обидува да одигра тешка еквилибристика: сега кога е малку веројатно дека Русија ќе влезе во Украина, претседателот ќе треба да им покаже на своите приврзаници дека Москва не го оставила на цедило руското население во источна Украина“.

– Играта е на самиот крај,  а основната задача на Путин е да ги сведе на минимум политичките загуби и да си ја спаси репутацијата, рече тој.

Фајненшел тајмс – Лондон

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он