„Визер“ ги суспендира летовите од и до охридскиот аеродром

Од:

„Визер“ објави дека како резултат на затворањето на аеродромот во Охрид ги суспендира сите летови кон и од Охрид до 25 март 2020 година. Затворањето на аеродромот доаѓа како мерка за намалувањето на ширењето на пандемијата COVID-19.

„Патниците со резервации погодени од суспензиите на летовите автоматски ќе бидат информирани преку е-пошта. Доколку патникот резервирал директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, 120% од оригиналната сума автоматски ќе се префрли на WIZZ сметката на клиентот, средства кој ќе може да се користат во наредните 24 месеци за услугите на Wizz Air. Патниците исто така можат да се одлучат за повраток на пари – процес што ќе потрае подолго – и за кој ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка во посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ќе имаат повраток од само 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку интернет туристички агенции – треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети“, велат од компанијата.

„Визер“ се извинува за нарушувањето на плановите на патниците, но воедно напоменува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и членови на екипажот остануваат врвен приоритет на авиокомпанијата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Обновена сезонската авиолинија Охрид-Белград

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Авионот на WizzAir не стигнал до Охрид зошто му се слошило на патник

Катерина Ѓуровски