Виница: Градоначалникот Димитров оствари средба со месните заедници

Од:

Вода, канализација и асфалт, се главните приоритети, а сеуште базични во егзистенцијата на жителите од населените места во Виничко. Денес на отворена средба со градоначалникот Ивица Димитров, претседателите на месните заедници ги презентираа клучните барања на месното население.

Жителите на Лески бараат итно решавање на проблемот со водоснабдувањето, село Драгобраште бара ископ на нови бунари и реконструкција на старата водоводна мрежа, Пеклани, Виничка Кршла, сите бараат поквалитетно водоснабдување и наводнување, но и комплетна канализациона мрежа која во многу населени места е делумно завршена.

Жителите на Трсино и на Блатец бараат и нови парцели за гробишта, т.е решавање на имотно-правните односи, но речиси сите имаат потреба од асфалтирање или поплочување на улички.

Градоначалникот Димитров апелираше годишните програми за 2018 година да бидат изготвени на реална основа и на приоритетни барања на жителите на населените места.

Би можело да ве интересира

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он