Вијаграта ќе се продава за пониска цена во Велика Британија

Од:

Вијаграта во Велика Британија ќе се продава за околу 15 отсто пониска цена, односно за 3,75 фунти, откако здравствените власти одлучија таа да се купува без рецепт, објави „Дејли Меил“.

Популарните „сини таблети“, досега се продаваа – една за 4,37 фунти, односно 35 фунти за лента од осум таблети. Сега кутија од осум таблети чини 30 фунти. Како и досега, таблетите ќе можат да ги купат само лица постари од 18 години.

– Наместо рецепти, отсега нашите стручни фармецевти само ќе поразговараат со клиентот. Ќе се консултираат насамо, пред тој да го купи медикаментот, што, се надеваме, ќе ги охрабри и оние најсрамежливите да побараат помош, изјави д-р Фејсал Тади, сопственик на аптека.

Натаму, тој нагласува дека тоа не важи за клиенти кои имаат проблеми со срцето, или пак, земаат други лекови. Ним секако ќе им треба рецепт.

Би можело да ве интересира

Претерувањето со Вијагра го оштетува видот

Ана Ололовска