Ветеринарен експерт на СЗО сака повторно да ги испита првите случаи на Kовид во Вухан

Од:

Експертот за ветеринарство во Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек денеска изјави дека би отишол на пазарот за храна во кинескиот град Вухан, за повторно да ги испита првите случаи на Ковид-19 што се појавија таму.

Ембарек на прес-конференција рече дека би сакал да ги преиспита првите случаи на Ковид-19 и да најде соговорници преку кои може да добие „значајни информации“ за изворот, односно местото каде избувна пандемијата.

– Ништо не укажува на тоа дека вирусот го создал човек. Треба да ги реконструираме настаните од пред декември 2019 година, бидејќи не знаеме што навистина се случило, истакна Ембарек.

Истрагата треба да утврди што се „влегло и излегло од пазарот во тој период“, како и од каде стоката пристигнала на пазарот во Вухан.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО