Венецијанска комисија: Нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија е во полза на Владата

Од:

Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио оцени дека од вакумот со нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија, полза има албанската Влада.

– Уставните судови мора да бидат независни за да го заштитат владеењето на правото. Политичарите се склони да ги напаѓаат овие судови кога не им се допаѓа судењето. Во моментов, Албанија нема функционален Уставен суд. Ова резултираше со ситуација кога неуставни закони, од кои профитира Владата, се усвоени без можност за жалба, на штета на земјата и на владеењето на правото, изјави Букикио.

Тој смета дека владеењето на правото треба да биде „клучен елемент“ за да се одлучи дали некоја земја ќе биде примена во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија