Василевски и Зиков на чело на МЕПСО

Од:

Владата ги назначи првите луѓе на МЕПСО – адвокатот Сашо Василевски е новиот директор на компанијата, а новинарот Љупчо Зиков ќе раководи со финансиите.

Сашо Василевски е по потекло од Ресен. Дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година. Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште Ресен.

Од 2006 до 2008 беше заменик министер за правда како член на НСДП, а потоа од 2008 до 2010 година членуваше во Комисијата за полагање на правосуден испит. Од 2010 до 2011  работеше како повторно работел како адвокат во Ресен. Од 2011 до скоро беше член на Советот на јавните обвинители.

Љупчо Зиков е политичар, новинар и директор на неделникот Капитал. Порано работеше во „Дневник“, МТВ и ТВ Алфа. Зиков беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.