Вајгл: Бегството на Груевски нема непосредно да влијае врз евроатлантскиот пат на земјата

Од:

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, вели дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето азил на Никола Груевски.

-Т реба да се почекаат фактите, официјалните изјави од унгарските органи и тогаш да се изгради слика. Секако, во ЕУ постои јасно изразен политички однос кон состојбата и почитувањето на правната држава во Унгарија, тоа е познато. Не верувам дека овој случај битно ќе влијае врз таа слика, но ќе биде предмет на интересирање на медиумите и во Унгарија и надвор од неа, изјави Вајгл за МИА.

Тој смета дека бегството на поранешниот премиер не би требало “непосредно“ да влијае врз евроатлантскиот пат на Македонија.

– На други места се одлучува за тоа, пред сѐ во собранието со активниот однос кон договорот со Грција, и за тоа одлучуваат на индивудално ниво и пратениците во собрание кои мораат да знаат дкеа во прашање е иднината на нивната земја и дека не е време за тактички приоритети.

Известувачот за Македонија изрази надеж дека новонастаната ситуација нема да влијае врз атмосферата во земјата и евроатланските приоритети.

– Се надевам дека во духот на правото и правилата на ЕУ ќе настапи и унгарската влада и органи, рече Вајгл за МИА.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он