Уставни измени или предвремени парламентарни избори?

Од:

В понеделник започнува дебатата на собраниска седница за уставните измени. Утрешниот ден ќе покаже дали Заев успеал да обезбеди двотретинско мнозинство. И според денешните непроменети ставови мали се шансите 80 пратеници да гласаат позитивно.

Неизвесна е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Има две опции, да учествуваат во расправата и кога ќе дојде до гласање пратениците на опозицијата да ја напуштат салата или веднаш да излезат од собраниската сала. И по седницата на Ивршниот комитет во петокот, ставот беше непроменет дека тие како пратеничка група се единствени и нема да ги поддржат уставните измени.

За нив Преспанскиот договор е штетен и решение гледаат во предвремени избори.

И мнозинството е за избори, но се уште дава шанса уште осум пратеници од опозицијата да не го почитуваат партискиот став и да гласаат за измени во Уставот.

Народните избраници според собранискиот деловник за оваа точка може да дискутираат најмногу 10 дена, но времетрањето на седница ќе зависи од бројот на пријавени пратеници за збор.

Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од вкупно 30 минути.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики