УЕФА анкетира за шансите на македонските фудбалери на ЕУРО2020

Од:

Повеќе од половина испитаници во онлајн анкета на официјалниот сајт на УЕФА предвидуваат дека македонската фудбалска репрезентација нема да ја мине групната фаза во својот дебитантски настап на ЕУРО2020, но 37 проценти од анкетираните веруваат во пласман во нокаут фазата, а секој трет од нив гледа во „црвено-жолтите“ нови европски шампиони.

На прашањето колку далеку ќе стигне македонскиот состав на претстојното Европско првенство, вкупно 63 отсто од читателите на официјалниот сајт на УЕФА- uefa.com, сметаат дека „црвено – жолтите“ нема да завршат меѓу двете првопласирани репрезентации во групата Д, во конкуренција на Холандија, Австрија и Украина.

Спротивно мислење имаат 37 отсто од анкетираните, од кои 17 проценти се изјасниле дека македонскиот состав ќе игра во осминафинале, додека пет проценти сметаат дека избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе одат и чекор понатаму во нокаут фазата.

Два отсто од анкетираните предвидуваат пласман на македонскиот состав во полуфиналето, додека 12 проценти го гледаат македонскиот тим како нов европски првак.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана