Twitter го затвори пребарувањето пријатели преку Instagram

Од:

Мрежата на микроблог Twitter ги затвори информациите за за своите корисници за мобилната апликација на Instagram, којашто на почетокот од април ја купи социјалната мрежа Facebook, објави на својата интернет страница компанијата Instagram.

„Twitter повеќе не им овозможува на своите корисници да пристапат за оваа информација во Instagram преку Twitter API (сет од алатки наменет за програмери – з.р.)”, се вели во соопштението коешто се појавува кога ќе се обидете преку Instagram да најдете пријатели од Twitter.

Администрација на Twitter го затвори за своите корисници пристапот за пребарување пријатели за сервисот Instagram по ажурирањето објавено на 26-ти јули. Корисниците кои не ја инсталирале оваа надградба, сé уште можат да пребаруваат во Instagram пријатели од Twitter.

Притоа микроблогот Twitter не ја одбива интеграцијата со Instagram за корисниците на фото сервисот, така што корисниците сé уште можат да објавуваат фотографии на Twitter.

Функцијата којашта помага да се најдат пријатели од другите сервисни ресурси, се реализира во една или друга форма на многу ресурси. На пример, како Twitter, така и Instagram им овозможуваат на корисниците да бараат свои опријатели од социјалната мрежа Facebook. А слична функција постои и кај најголемите светски социјални мрежи – корисниците на Facebook може да пребаруваат за своите пријатели од листата контакти од сервисот за електронска пошта Gmail, интернет телефонијата Skype, различните интернет месинџери.

Како што беше најавено во четвртокот од страна на претставниците на Instagram, бројот регистрирани корисници на сервисот надминал 80 милиони луѓе. Бројот корисници, пак, на Facebook надминува 955 милиони.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска