Туск: Ако Британците ја напуштат ЕУ тоа ќе ја промени Европа кон лошо

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека ако на референдумот во Велика Британија на 23 јуни бидат повеќе гласови за поддршка на излез на земјата од ЕУ, тоа ќе ја промени Европа засекогаш.

– И таа промена ќе биде не кон подобро, туку кон лошо, предупреди Туск.

Претседателот на Европскиот совет истакна дека нема да има втора шанса, ако Британците кажат „не“ на членството во ЕУ.

Договорот, склучен на крајот на минатата седмица меѓу ЕУ и Велика Британија за условите на британското членство, е неповратно и Европскиот суд не може да го анулира, истакна Туск.

Тој категорично истакна дека тој договор е во согласност со европските договори.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески