Трки и марш во Атина за борба против ракот на дојка

Од:

Над 35 илјади учесници, според првичните проценки од организаторите, беа дел од овогодинешната мнифестација „Трка за лек“ („Race for the cure”) за борба против рак на дојка, што по 11-ти пат се одржа во центарот на Атина, во организација на грчкото здружение на жени со рак на дојка „Алма зоис“ и во соработка со одделот за култура и спорт на општина Атина.

Заедно со пријателите и домашните миленичиња, млади и стари, семејства со деца, тимови на вработени во различни компании, жените кои го победиле ракот на дојка, волонтери учествуваа во денешните активности – трки на пет и десет километри и марш на два километри, секој според своите можности и физичката состојба, но сите со една и иста порака, борка против рак на дојка.

Дел од учесниците на нивните маички јавно напишаа за кого трчаат или пешачат.

– Трчам за мојата мајка, те сакам многу и ми недостигаш, пишуваше на маичката на млада девојка.

– Трчам за Елени и Мариа, пишуваше на маичката на едно момче, додека, пак, неговата пријателка одбра јавно да соопшти дека трча за сите оние жени што водат битка со ракот на дојка.

По завршувањето на двете трки и на маршот на учесниците им се обрати и градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, кој рече дека ракот на дојка се однесува на мајките, сестрите, ќерките, на целото семејство и порача дека „ракот на дојка може да се победи“.

„Race for the cure” од 2009 се одржува секоја година во Атина, последната недела во септември, а бројот на учесници од година во година се зголемува. Организаторите, паралелно со трките и маршот, на учесниците им нудат и низа едукативни настани за подигнување на свеста за превенција, заштита и навремено откривање на ракот на дојка.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди