Трговија со луѓе: Животи се купуваат и продаваат

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Милиони мажи, жени и деца низ светот во моментов се жртви на трговијата со луѓе – се купуваат и продаваат како стоки и се внесуваат во проституција и присилна работа.

Оваа трговија со луѓе ја има низ целиот свет– и е вносен биснис. Од Меѓународната канцеларија за труд проценуваат дека присилната работа генерира 150 милијарди долари во нелегални профити секоја година. Две третини или 99 милијарди долари доаѓаат од сексуалната експлоатација.

Кеми и Билкиси од Нигерија, Џејн од Велика Британија и Габи од САД, опишуваат како паднале како жртви на трговците со луѓе.

Приказната на Кеми, Нигерија

Илјадници жени и девојки од западна Африка се купуваат и продаваат секоја година – а повеќето завршуваат во Европа. Канцеларијата за дроги и криминал на ОН, проценува дека жртвите на трговија со луѓе од западна Африка, од кои многу потекнуваат од Нигерија, учествуваат со 10 проценти од сите кои се присилени на сексуална работа во западна Европа.

Таму трговците со луѓе пронаоѓаат девојки кои сакаат да патуваат, и им ветуваат работа и образование. На жртвите им се даваат лажни документи и им се кажува дека треба да платат за трошоците за нивниот превоз кога ќе стигнат во определената држава.

Кога веќе ќе бидат регрутирани, девојките често се присилени да учествуваат во ритуали за да се испита нивната лојалност. Една жена поранешен трговец со луѓе во Бенин сити, опишува како трговците им ги земаат алиштата на девојките, им ја бричат косата и под пазувите и интимните места, и ги предаваат на традиционални проповедници во церемонии како заклетва дека ќе си ги вратат долговите.

– Со сите овие собрани нешта кај нив има страв дека се може да се случи, вели таа.

Една од оние кои станале жртви на лагите на трговците со луѓе е Кеми. Нејзе и ветиле нов живот во Италија, онаков кој ќе и озвоможи да се грижи за нејиното семејство.

– Ми рекоа дека саккаат да ми го сменат животот. Дека сакаат да ме направат среќна, рече таа за Би-Би-Си. Кога пристигнала во Италија, Кеми, која е католик, набрзо дознала дека реалноста за нејзиниот нов живот е далеку од она што и било ветувано.

И рекле дека треба да очеква да работи како проститутка. Иако на почетокот одбивала, откако престанале да и даваат храна и го зеле телефонот како казна, таа почнала да прави се што и кажувале.

– На крајот работев три години и три месеци, рече таа.
Со текот на времето, Кеми им платила вкупно 27 илјади евра на нејзните трговци – сума од која тие се уште не биле задоволни.

На крајот собрала сила да ги напушти нивните канџи и избегала кај пријатели. Сепак некое време подоцна била депортирана од италијанските власти назад во Нигерија. Без да има да покаже што создала за сето време во странство, Кеми решила да не се враќа во дома.
– Се срамев да се вратам дома, вели таа во солзи. “Се срамев да се вратам без ништо“.

Сега трауматизирана од искуството чуствува само гнев кон трговците со луѓе.

– Тие се злобни, вели таа. „Жената која ме испрати има два сина. Ги праќа во најдобри училишта со парите кои јас ги заработував со моето тело“.

Приказната на Билкису и Џејн, Велика Британија

Стотици од оние кои се жртви на трговијата со луѓе заршуваат во Велика Британија, каде најчесто се соочуваат со слична сексуална експлоатација или живот на присилна работа во куќи.

Околу 244 од 2.340 потенцијални жртви пријавени кај британските власти во 2014 година, биле од Нигерија, велат од Националната агенција за криминал, што е пораст од 31 проценти во споредба со претходната година. Единствената држава со повисоки бројки за потенцијални жртви е Албанија.

Билкису е една од оние кои биле испратени од Нигерија во Велика Британија под лажни ветувања. Од 15-годишна возраст, таа била држена како роб – работела повеќе часови без да и платат скоро десет години.

И ветиле дека ќе биде со нејзиниот вујко и шанса да го продолжи образованието, како и дека ќе обезбедува екстра приход за нејзиното семејство, и така таа ја напуштила родната земја со надеж за подобар живот. Сепак, кога стигнала во Велика Британија, била присилена да работи во куќа и да чува деца за семејсвото на нејзиниот вујко. Почнувала со работа во пет часот изутрина и не завршувала се до девет навечер.

– Подготви ги децата за училиште, искапи ги, дај им појадок, испеглај ги алиштата, вели таа кога ја опишува својата дневна рутина. „И мојата вујна и вујко ми, и ним морав да им ги спремам алиштата секој ден, затоа што одеа на работа“.

Во текот на денот, Билкиси го чистела трособниот стан од патос до таван. Ако вујна и не била задоволна со завршената работа, ја тепала.
– Бев осамена… Знаете како кога сте во дупка и нема никаква светлина – се е црно. Се околу вас е црно. Беше токму така“.

За девет години, Билкиси работела за својот вујко и семејството и немала ниту еден слободен ден, и никогаш не и платиле.

Дури на 20 и некоја година почнала со серија обиди за помош. На крајот посегнала по помош од свештеник во нејзината локална црква.
Затоа што и го украле детството, нејзе се уште и е тешко да се социјализира.

– Веќе не знам како да запознаам пријатели, објаснува таа. „Штетата е трајна и не знам, мислам дека засекогаш ќе останам таму“.

Шетана по Велика Британија

За разлика од Билкису, многу деца жртви на трговци со луѓе во Велика Британија всупност се купуваат и продаваат во самата земја. Владата на Велика Британија смета дека во моментов има13 илјади деца кои се експлоатирани на овој начин.

Џејн имала само 13 години кога била верена и злоупотребена, пред да стане жртва на трговијата со луѓе во Велика Британија од групи мажи за секс.

Се почнало кога уште била на училиште. Маж во свои седумдеесети, кој знаел дека таа живеела во нестабилно семејство, почнал да и дава подароци и да ја превезува.

Наскоро и било побарано да возврати со секс и полека со текот на времето почнал да ја предава Џејн на друг човек од Азија.

На почетокот тој прво ја превезувал, и нудел дроги и правел непристојни фотографии со неа, вели таа. Но искористувањата наскоро ескалирале.

– За неколку недели, постариот маж ќе ја заклучеше вратата додека во собата има маж и тие бараа секс. И снимаа видеа, правеа фотографии, ми даваа дроги“.

Наскоро Џејн била разменувана меѓу разни групи на мажи низ целата земја – понекогаш и со часови оддалечени. Се сретнувале на бензински станици и влегувала од автомобил во автомобил. Ако почнела да се буни, мажите станувале насилни и се заканувале на нејзиното семејство.

– Ме исфрлаа од автомобили. Ми ја гореа косата, ме удираа по лицето. Се обидоа да ме полијат со бензин и да ме запалат, вели таа.

И затоа што самодовербата кај Џејн била скршена, таа опишува како повеќе не можела да се бори. Била оставен со бројни повреди по главата и носот, како и со непоправливи вантрешни оштетувања.

– Се плашев од тоа што се случуваше. Мислам затоа што почнав многу млада, по малку време верував дека само за тоа и вредам.

Експлоатацијата на Џејн траела девет години – понекогаш по цел ден, понекогаш со дистанца од неколку месеци.

Таа вели дека страдањата се влошиле затоа што полицијата и други агенции не верувале дека е таа жртва. Конечно избегала од канџите на бандите јавувајќи се во Армијата на спасот.

– Немав многу што да им кажам, тие ме разбраа и рекоа: Не е твоја вина, ние ќе ти помогнеме.. За два часа ја зеле со автомобил и ја однеле на безбедно место.

Приказната на Габи, САД

Оваа е слична приказна во САД, каде дестици илјади деца се жртви на трговијата со луѓе во проституцијата. Од Федералното биро за истраги (ФБИ) велат дека експлоатацијата на децата има „скоро епидемиски размери“.

Габи од Балтимор, вели дека била злоупотребувана прво од нејзниот татко на возраст помеѓу осум и 12-годишна возраст, и во однос за која таа верува дека бил причина како таа денес функционира со мажите.

– Многу рано научив дека можете да добиете се што ќе посакате или ви треба преку исполнувања на секусални барања, вели таа.

Габи вели дека влегла во дрогите и во врска со зависник кој неколку години подоцна ја вовел во проституцијата.

– Не се спротивставував. Затоа што имав чувство дека тој се грижи за мене за сето време, и му верував. Мислам дека тоа му беше планот, да почнам да му верувам без било каков и најмал сомнеж.

Габи вели дека наскоро дознала дека „момче подведувач“ не било ништо невообичаено на улиците, каде гледала малолетни девојчиња како експериментираат со дроги пред да бидат „зграпчени од овие момци и присилени на проституција“.

– Подведувачот седеше во автомобилот на блискиот агол каде работев за да знам дека тој не е далеку. Почнав да се плашам да бегам, знаете, и на тоа место имаше барем уште пет девојки како мене кога бев на улица.

Габи успеала да избега од улиците и го оставила момчето, и со помош на терапија почнала да разбира што и се случувало. Но за многу девојки на улиците, таа вели дека бегањето може да биде прашање на живот или смрт.

– И многу пати ќе се фатите како влетувале од една во друга таква ситуација, и без дури и да ги сфатите шаблоните на тоа, се додека не налетате на некој кој може да ви помогне.