Транспорт и врски ќе испитува што мислат граѓаните за министерството

Од:

Министерството за транспорт и врски ќе го истражува јавното мислење за тоа колку граѓаните се задоволни од нивното работење.

За оваа цел објавиле тендер на кој бараат фирма која ќе го спроведе истражувањето.

За таа цел планирано е да потрошат 300.000 денари без вклучен ДДВ.

1

2

3

Пред извесно време опозициската СДСМ објави документи токму за министерот Миле Јанакиески кој раководи со ова министерство.

СДСМ преку пресконференција на јавноста и соопшти дека министерот Јанакиески кој важи за еден од најблиските соработници на премиерот Никола Груевски, својата куќа ја издал под кирија на фирма која ја гради прилепската канализација во рамки на проектот Пречистителна станица.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов го обвини Јанакиески дека куќата ја издал на германската фирма „Лудвиг Фајфер’ која го добила милионскиот бизнис.

Но освен фирмата која ја гради канализациската мрежа, во куќата на министерот Миле Јанакиески биле сместени уште две други фирми обвини СДСМ-германскиот ИГИП и „Иванов Инженеринг“ од Битола кој се дел од конзорциумот кој врши надзор над работите. Вредноста на оваа нивна усуга е околу 900.000 евра.
СДСМ објави дека иако на јавниот повик се пријавиле четири фирми, тендерот го добила фирмата „Лудвиг Фајфер“ која е сместена во куќата на Јанакиески а договорот според опозицијата го потпишал министерот за финансии Зоран Ставревски.

Јанакиески отфрли каква било вмешаност во скандалот кој го обелодени опозицијата.

Пред медиумите Јанакиески рече дека фирмата, куќата ја закупила откако наводно го виделе белиот лист хартија на кој пишувало дека се издава неговата куќа во која тој веќе 10 години не живеел.

На обвинувањата реагираше министерот за финасии Зоран Ставревски. Тој побара извинување од Петре Шилегов. Доколку не се извини најави тужба за него.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска