Тим Бароу, нов британски постојан претставник во ЕУ

Од:

 Дипломатот Тим Бароу ќе биде новиот постојан претставник на Велика Британија во Европската унија, објави Фајненшал тајмс. За именувањето потврди извор од британската влада.

Бароу досега беше политички директор во британското МНР. Претходно бил амбасадор во Русија и двапати бил на функции во Брисел.

Како постојан претставник на Британија во ЕУ, Бароу ќе игра важна улога во преговорите за излегување на државата од Унијата.

На таа функција до вчера беше Ајвн Роџерс, кој поднесе оставка, три месеци пред предвидениот почеток на преговорите, упатувајќи критики за неподготвеноста на владата на премерката Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески