Тилерсон: Ако не се измени договорот со Иран, САД се повлекуваат

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, доколку текстот од договорот не се измени. На ваквото барање на САД се противат Иран и европските потписнички на договорот.

Во интервју за Фокс Њуз, Тилерсон оцени дека најголема грешка на договорот потпишан меѓу Иран и големите сили во 2015 година е „тоа што има крај“ и поради тоа, со спогодбата само се одолговлекува проблемот.

Во договорот се наведува дека ограничувањата на некои ирански нуклеарни активности постепено се укинуваат од 2025 година.

– Тоа значи дека можеме да почнеме да одбројуваме наназад до моментот кога тие повторно ќе почнат да развиваат нуклеарно воени капацитети, вели американскиот државен секретар.

– Ако сакаме да останеме во договорот, текстот мора да се менува, вели Тилерсон.

Министрите за надворешни работи на земјите-потписнички на договорот (Иран, САД, Кина, Русија, Германија, Франција и Велика Британија) денеска треба да се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН и да разговараат за ова прашање.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски