„Танц_ Политики, Различности и Простори“ во Кино Култура

Од:

Кореографски дела и дела во процес од млади кореографии и изведувачи од Македонија ќе бидат претставени во рамки на настанот „Танц_ Политики, Различности и Простори“, што денеска и утре ќе се одржи во Кино Култура во организација на Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста.

На дводневниот настан ќе се претстават кореографски дела и дела во процес од млади кореографи и изведувачи од Македонија од независната танцова сцена во Македонија.

Настанот е во рамки, на програмските активности на Локомотива за креирање, развој и делување на професионалците во полето на современата култура и уметност.