Талибанци: Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД

Од:

Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД доколку тие не ги повлечат своите војници оттука, предупредија талибанците откако американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави новата стратегија на Вашингтон за Авганистан.

– Ако САД не ги повлечат своите војници од Авганистан, земјата наскоро ќе се претвори во нова гробница за таа суперсила на 21. век. Американските лидери треба тоа да го разберат, се наведува во соопштението на талибанците.

Претходно, талибанскиот портпарол Забиула Муџахид изјави дека стратегијата на Трамп за Авганистан е „нејасна и застарена“, додавајќи дека Трамп во својот говор не кажал ништо ново.

Американскиот претседател нагласи дека првично сакал да нареди повлекување од Авганистан, но потоа објасни дека избрзаното напуштање на Авганистан може да создаде вакуум, од кој најголема корист ќе имаат терористите на Ал Каеда и т.н. Исламска држава.

Според висок претставник на Белата куќа, Трамп му дозволил на Пентагон да распореди дополнителни 3.900 американски војници во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност