Светски ден на смеата

Од:

Светскиот ден на смеата, осмислен од Индиецот Мадан Катаира, се чествува од 1998 година и тоа двапати годишно – денеска, на 10 јануари и првата недела во мај.

Поради смеата луѓето се чувствуваат поубаво, оти таа ги ослободува од стресот, го подобрува општото расположение и го зајакнува имунитетот. Токму затоа, и лекарите, меѓу другите, препорачуваат што повеќе да се смееме.

При смеењето, во телото на човекот се активираат 80 мускули, а 17 од нив се на лицето. Според одредени стручни мислења, неколку минути смеење имаат ист ефект како и 15 минути возење велосипед. Покрај тоа, смеењето го поттикнува лачењето ендорфин – хормонот на среќата.

Истражувањата покажуваат дека возрасните се смеат околу 17 пати на ден, а децата тоа го прават околу 300 пати на ден. Жените почесто ги засмеваат мажите, отколку мажите – жените.

Порано луѓето се смееле во просек 18 минути на ден, а денес тоа е сведено на само шест минути.