Судски совет: Актите донесени во време на Георгиев не се ништовни, Управен суд не ја доведе во прашање нивната законитост

Од:

Сите акти кои се донесени во периодот додека Сашко Георгиев беше претседател на Судскиот совет се во правна сила, велат преку соопштение од советот, откако во јавноста се отворија дилеми дали треба да бидат ништовни, а поради пресудата на Управниот суд дека Весна Дамева била незаконски разрешена од функцијата.

„Во врска со вчерашните изјави во јавноста со кои се отвораат дилеми околу ништавноста на сите акти донесени во периодот од изборот на Сашко Георгиев за претседател на Судскиот совет на РСМ до моментот на давањето на негова оставка , а во врска со донесената правосилна и извршна пресуда на Управниот суд, Судскиот совет има потреба да се произнесе со став дека сите акти донесени во овој период се во правна сила. Со пресудата на Управниот суд не се доведува во прашање законитоста на одлуките донесени од Судскиот совет како колективно тело, бидејќи се поништува решението за разрешување на сегашната претседателка“, велат од Советот.

Пред два дена, Георгиев поднесе оставка од претседателската позиција поради пресудата на Управниот суд, со која Дамева се врати на чело на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип