ССНМ: Апел да се повлечат сите тужби против „Фокус“

Од:

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поздравува одлуката на д-р Срѓан Керим за целосно повлекување на тужбата за клевета поднесена против весникот „Фокус“ чиј што основач Никола Младенов трагично загина минатата недела. Сметаме дека станува збор за потег што заслужува секоја почит.

ССНМ воедно апелира до сите кои имаат поднесено тужби за клевета против весникот, уредникот или новинарите на Фокус да го следат примерот на д-р Керим и да ги повлечат обвинувањата во интерес на слободата на печатот. Тужбите, без оглед на нивниот исход, претставуваат исцрпување на медиумот и новинарите и притисок врз слободната и критична мисла која е суштинска карактеристика на професионалното новинарство како столб на демократијата на едно општество“, велат од Синдикатот.

 

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма