ОБНОВЕНО: Полицијата има траги од убиецот, Мексиканката силувана па убиена со нож

Од:

Со обдукција на телото и проверка на облеката на убиената Мексиканка Селена Маседо, сплитската полицијата дојде до биолошки траги кои можат да послужат за откривање на убиецот.

Трагите се испратени на вештачење во загребскиот „Центар за форензика и вештачење“.

Убиената Мексиканка била пронајдена гола, но нозете не и биле врзани со селотејп како што се шпекулираше. Таа била заклана со нож.

Убиецот телото го фрлил во процеп во карпи, а потоа го затрупал со земја и со гранки.

Мексиканката Селена Маседо чие тело по три дена интензивна потрага беше пронајдено вчера на врвот Марјан во Сплит, полицијата се сомневаше дека била врзана силувана а потоа убиена.

 

Синоќа, до доцните часови траеше увидот на истражните органи, а денеска по извршената обдукција веќе се дојде до нови податоци.

Состојбата во Сплит е крајно напната, а полицијата ги вложува сили за да го реши овој случај.

Вакво злосторство не се памети во Сплит. Несреќната Мексиканка е убиена на сред бел ден во шпицот на туристичката сезона и тоа во периодот кога на Марјан се рекреираат стотици граѓани, штом уште повеќе го наметнува прашањето како е можно никој ништо да не забележал.

 

Полицијата го осомничи нејзиниот брат, Емануаел, но тој се ослободи од овој товар откако помина на полиграф.

Сега целта на полицијата се наркоманите и бездомниците кои се собираат на Марјан.

Тие би морале нешто да знаат, иако не значи дека некој од нив го извршил злосторството.

Сплитската полиција три дена трагаше по 31 годишната Мексиканка на која по прошетката на Марјан и се изгуби секаква трага.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски