Совет за безбедност: Да се зајакнат активностите за евентуални закани по националната безбедност

Од:

Советот за безбедност на Република Македонија на денешната конститутивна седница ги утврдил активностите поврзани со прашањата за безбедноста и одбраната на државата за наредниот период, со цел да се дадат соодветни предлози до Собранието и Владата, како и мислења по определени акти од областа на безбедноста и одбраната кои ги донесува Претседателот на Република Македонија, согласно Уставот и законите.

– Советот за безбедност констатира дека субјектите на системот за национална безбедност успешно ги исполнуваат должностите од делокругот на своите надлежности, дека функционираат на највисоко можно ниво и дека постои координација и соработка меѓу субјектите во насока на натамошно јакнење на националните безбедносни капацитети, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Субјектите на системот за национална безбедност да ги зајакнат активностите во насока на обезбедување, навремено предупредување за евентуални закани и ризици по националната безбедност, со цел подобрување и развој на системот за рано предупредување, превенција и контрамерки по евентуална утврдена закана и ризик, било заклучено на седницата на Советот за безбедност.

Членовите на Советот за безбедност размениле информации и мислења во врска со актуелните случувања во Сирија и Ирак и рефлектирањето на тие состојби во нашиот регион и во Република Македонија. Посебен акцент, стои во соопштението, бил ставен на состојбата со присуство и регрутирање на граѓани од нашиот регион и од Република Македонија во тие кризни региони.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска