СОС Детско село доби донација на храна за 6 месеци

Од:

„Макпрогрес“ донира производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата – СОС Детско село Македонија. Вчера беше предадена едномесечна донација, при што претставниците од „Макпрогрес“ нагласија дека приоритет на компанијата, како општествено одговорен субјект, е подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во земјата.

Од својата широка гама на производи од брендовите „Сончева долина“, „Натура“ и „Винчини“ во наредниот период ќе бидат донирани количини пакувана храна што ќе ги задоволат 6-месечните потреби на децата штитеници во овој комплекс.

„Како членови на Клубот на пријатели на социјалниот центар СОС Детско село се грижиме за социјалната благосостјба на згрижените дечиња и со оваа донација сакаме да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на своите домови и СОС-семејства. Денес ги испорачавме количините храна и продукти за потребите на семејствата за период од еден месец, а активноста ќе продолжи и во следните 6 месеци. Се надеваме дека дечињата ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти“, изјави Маја Цветанова, маркетинг-менаџер во „Макпрогрес“ од Виница.

СОС Детско село – Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности за застапување и лобирање за подобрување на квалитетот на грижа и превенција во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско село згрижени се деца и добиваат можност да растат во заедница каде што наоѓаат сигурност, љубов и топлина.