Смрт на Бадник во Сплит: Го уапсиле поради нарушување на редот и мирот, починал во полициската станица

Од:

Маж почина вчера вечер во службените простории на полицијата во Сплит. Тој е приведен поради нарушување на јавниот ред и мир. Истрагата не утврдила дека тој починал од насилна смрт, известуваат хрватските медиуми.

– Синоќа половина час пред полноќ во притворската соба во полициската станица во Сплит почина 52-годишен маж, кој бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир. Пред да биде донесен во полиција, бил пренесен на преглед во болница, а откако не бил задржан на лекување, бил донесен на распит во службените простории – се вели во соопштението на полицијата.

Полициски службеници го сместиле 52-годишникот во притворот и забележале дека не реагира. Веднаш била повикана екипа на брза помош по што констатирале смрт без траги на повреда.

За настанот бил известен заменикот на државното правобранителство, наредена е истрага и лекарска обдукција, а телото е пренесено на Одделот за патологија, информираат хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

За три години над 130 деца ги загубија животите во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Психијатар од Сплит измачувал 67 кучиња и два волка: Ова е логор

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски