Сколс: Барса на Гвардиола е најдобриот тим против кој сум играл, потоа следува Реал од 2003 година

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Сколс кажа кои се најдобрите тимови против кои играл во текот на неговата кариера.

– Можевме да ја освоиме Лигата на шампионите уште четири, пет или шест пати. Барса на Гвардиола беше најдобриот тим против кој играв. Ти во средниот ред тогаш ги имаа Андрес Иниеста, Чави, Серги Бускетс и Лионел Меси. Анри од лево. Во дефанзивата беа Пике и Пујол. Неверојатен тим.

Ако одиме понатаму го ставам Реал во сезоната 2002/2003. Не победија со 3:1 во првиот натпревар. Ги имаа Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго. Тука беа и Раул, Роберто Карлос, Јеро, Касиљас. Неверојатно спектакуларен тим, се сеќава Сколс.

Тој беше дел од Манчестер јунајтед од 1993 до 2013 година, со прекин во сезоната 2011/12.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски