Сеп Блатер демантира дека избегнува посета на САД

Од:

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Сеп Блатер најави дека планира следната година на оди во САД, притоа демантирајќи дека избегнува патува во оваа земја поради истрагата која ја води Федералното истражно биро (ФБИ).

– Сите знаат дека ФБИ покрена истрага. Истрагата опфаќа дел од луѓето кои беа во мојата „влада“, а не се води истрага против мене, изјави Блатер.

Инаку, ФБИ, покрена истрага за функционери на ФИФА, кои се сомничат дека земале мито при одлучувањето за Русија и Катар да ја добијат организацијата на Светските првенства 2018-та и 2022-та година.

Претседателот на ФИФА, Блатер, за последен пат бил во посета на САД во 2011 година, а според најавата тој планира да ја посети оваа земја следната година, кога земјата ќе биде домаќин на јубилејното издание на Купа Америка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат