Санела Шкријељ со демант: Загрижени сме од непознавањето на новата министерка на системот за социјална заштита

Од:

Целосна невистина се тврдењата на новата техничка министерка Рашела Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети, реагираше Санела Шкријељ, дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика.

-Сакаме да ја изразиме нашата загриженост од непознавањето на системот на социјална заштита на техничката министерка, која пред да излезе на прес конференција за нерешените предмети за помош и нега од друго лице требаше да знае дека согласно стариот Закон за социјална заштита потребата од помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваше стручна Комисија која беше при јавна установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психо-физичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост и дека МТСП немаше надлежност над работењето на оваа Комисија.

Токму поради нејзината нефункционалност, МТСП со новиот закон за социјална заштита ја укина оваа комисија која не беше составена од лекари специјалисти. Со новиот закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија.

Формирани се наместо едната нефункционална комисија , 15 стручни комисии, од кои 5 се во Скопје. При формирање на комисиите се водеше сметка за бројот на предмети кои во просек како вкупен број секоја од нив треба да ги реши, притоа земајќи го во предвид и регионалнот пристап. Со тоа и на лицата кои имаат потреба од ова право им е олеснет пристапот до Комисиите.

По формирање на стручните комисии од страна на Министерството за здравство, сите предмети за кои не беше донесен наод и мислење преку центрите за социјална работа беа доставени до истите и во тек е нивно решавање. Предметите се распоредени пропорционално, а рокот за постапување е до 01.02.2020.

Министерството за труд и социјална предвoдено од тимот на министерката Царовска покажа грижа за секој граѓанин и за професионално работење на Комисијата којашто во времето на претходната власт беше извор на корупција, реагира Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска