Санадер е на слобода по три години затвор

Од:

Поранешниот хрватски премиер и поранешен лидер на Хрватската демократска заедница Иво Санадер вчера беше пуштен од затвор, откако отслужи три години од пресудата за злоупотреба на должноста.

– Задоволен сум поради тоа што Хрватска има инстанци, кои покажаа дека бевме во право. Не сум задоволен од фактот дека вакво нешто може да се случи во Хрватска, рече Санадер при излегувањето од затворот Реметинец.

– Нема да ја коментирам политиката, тоа заврши. Немам никакви политички амбиции, рече тој и додаде дека го посетиле странски политичари.

Врховниот суд на Хрватска ја укина третата и последна пресуда за корупција против Санадер, со што се овозможи негово излегување од затворот.

Санадер беше осуден за земање мито во неколку случаи. Последната пресуда од девет години затвор за земање мито од 15,3 милиони куни (2,2 милиони долари) беше укината на истите основи, како и претходните, односно дека процесот бил неправеден.

Санадер, кој беше премиер два пати, во 2003 и 2011 година поднесе оставка кон средината на вториот мандат под притисок на многубројните истраги против него.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски