САД: 14 загинати во напад во Калифорнија

Од:

Најмалку 14 луѓе загинаа и 17 се ранети во напад врз регионален центар за лица со инвалидитет во Сан Бернандино во Калифорнија.

Полицијата застрела двајца осомничени и во потера е по третиот. Според американски медиуми, полициската акција траела 4,5 часа.

Портпаролка на полицијата во Сан Бернандино, изјави дека третиот осомничен е во бегство. Десетммина од ранетите се во критична состојба, јави Си-Ен-Ен.

Според Ен-Би-Си, нападот се случил во момент на прослава во сала за конференции во регионалниот центар Инленд за лица со инвалидитет во Сан Бернандино.

napadikalifornija1

Еден од осомничените за нападот врз социјален центар во Сан Бернандино во Калифорнија, е идентификуван како Саид Фарук, јави Ен-Би-Си.

Според извори во полицијата, медиумот наведува дека вториот осомничен е негов брат. Идентитетот на третиот напаѓач не е соопштен.

Федералните власти засега не го оквалификуваа нападот како терористички акт.

Би можело да ве интересира

Русија: Американската тајна служба дозволи блокада на влезот во руската амбасада

Тинејџер подметна пожар, две бебиња изгореа живи со родителите во САД

Двајца загинаа, а петмина се ранети во престрелка во Вашингтон

Познати се жртвите на убиецот од Пенсилванија

Горан Наумовски

Најмалку три лица загинаа денеска во пукотница во Пенсилванија

Горан Наумовски

Најмалку три лица загинаа во торнадо во Охајо во САД