Росен Плевнелиев: Бугарија стана столб за стабилност на Балканот

Од:

Претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој денес зборуваше пред ПССЕ во рамките на бугарското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, истакна дека Бугарија станала столб за стабилност на Балканот, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Бугарија е регионален фактор на стабилност и одржува балансирана надворешна политика врз основа на европските вредности, изјави Росен Плевнелиев. Тој притоа посочи дека Бугарија „со причина може да се гордее како пример за толеранција во регионот“ и ги истакна напорите за градење на односи на пријателство и добрососедство со сите земји од Југоисточна Европа.

Шефот на бугарската држава притоа рече дека како Балканот, така и Европа се соочуваат со значителен број кризи, кои очекуваат свое брзо решение. – Треба јасно да ги посочиме овие проблеми и преку дијалог, заснован на нашите вредности, да бараме заедничко решение, рече меѓу другот Плевневлиев.

Наоѓање на одржливи решенија во услови на криза е можно само при почитување на владеењето на правото, беше заедничката позиција на бугарскиот претседател и генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

Претседателот Плевнелиев за време на престојот во Стразбур, истакна дека денес во Европа многу популистички формации кои шпекулираат со одбраната на националните интереси на своите земји, но највисокиот национален интерес е токму зачувувањето на мирот и владеењето на правото.

– Тоа го опишаа како највисока вредност основачите на обединета Европа пред 70 години и Бугарија ќе продолжи да ги брани овие принципи, изјави шефот на бугарската држава.

Според него, од клучно значење оваа порака да стигне до секоја земја од Балканот и во Европа. – Независната судство е клучен фактор за спротивставување на корупцијата, за гарантирање на владеењето на правото и заштитата на демократските права во Европа, изјави тој.

Врз тоа ќе се фокусира и бугарското претседателство на Комитетот на министри на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина