Ролеријада во Скопје

Од:

Под мотото „Возиме кон иднината“ утре во Скопје ќе се одржи „Ролер трката 2015“ во која ќе учествуваат ученици од училиштата од градот и околните населени места.

Целта на оваа рекреативна масовна акција, што ја организираат Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на младите

Стартот на трката ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

– Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна, се вели во соопштението на организаторите.

Од оваа година натпреварувањето ќе има две ролер трки, едната во машка, а другата во жанска категорија. Ролеријадата 2015 ќе започне со женската трка.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески