Родригез дебитираше со гол во ремито на шпанскиот Суперкуп

Од:

Новиот играч на Реал Мадрид Хамес Родригез успеа да се запише во листата на стрелците уште во првиот негов натпревар за „кралскиот клуб“.

Синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ во првата средба од Суперкупот на Шпанија Реал Мадрид и градскиот ривал Атлетико одиграа нерешено 1:1.

Колумбискиот репрезентативец кој во игра влезе на почетокот од второто полувреме на местото на Кристијано Роналдо, ги доведе домаќините во водство во 81.минута, а седум минути подоцна за Атлетико Мадрид погоди Раул Гарсија за изедначување и мала предност за „јорганџиите“ пред вториот дуел.

Реваншот ќе се игра в петок на „Висенте Калдерон“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска