Рекреацијата поефикасна од лекот

Од:

Редовното вежбање може да го намали ризикот од воспаленија и да го подобри психофизичкото здравје.

Прошетка против депресија

Пешачењето помага повеќе отколку лековите кај депресивните лица, покажало истражување спроведено врз 156 луѓе во трење од 16 недели. Само 30 минути брза прошетка неделно е доволно да се врати насмевката на лицето, а само кај осум пациенти болеста се вратила бидејќи престанале да бидат физички активни. Пешачењето го зголемува нивото на енергија, го подобрува расположението и ја регулира работата на хормоните.

Трчањето ја намалува болката во зглобовите

Ако редовно и правилно трчате, значително ќе ги намалите болките во мускулите и зглобовите. Возрасните лица кои се занимаваат со рекреативно трчање имаат 25 отсто помалку шанси да заболат од артритис.

„Таи чи“ го намалува стресот

Оваа некогаш боречка вештина е вистински избор за борба против стресот. Успешно го отстранува заморот, стресот, нервозата и го намалува високиот крвен притисок. Карактеристичните забавени боречки движења го подобруваат имунолошкиот систем и штитат од вируси.

Јогата ја намалува главоболката

Дури 75 отсто од болките се последица на мускулната вкочанетост во пределот на вратот, како и лошото држење на телото. Од главоболка најчестострадаат луѓе кои имаат поткренати раменици и лошо држење на телото, како и навика главата да ја наведнуваат нанапред. Мускулите на вратот постојано им се затегнати, поради што јогата е совршен начин за ослободување од ваквите проблеми.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска