Ред Бул ангажираше адвокат да го испита судирот меѓу Верстапен и Хамилтон

Од:

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека тимот ангажирал адвокат да го преиспита судирот меѓу Макс Верстапен и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон на трката во неделата во Силверстоун.

Стјуардите го казнија Луис со казна од десет секунди, што не го спречи да ја освои трката за Големата награда на Британија.

– Адвокатот треба да провери што може да се направи во оваа ситуација во рамките на законодавството за спорт. Макс има многу среќа што не му се случи ништо сериозно. Автомобилот е скршен, моторот е веројатно исто така. Не можете да поминете низ тоа така. Суспензијата за трката би било праведно решение. Правилата мора да се ревидираат – ова исто така важи и за работата на стјуардите. Перез доби две казни од пет секунди во Австрија за лесен контакт кога никој не излета од патеката. Хамилтон за многу поголем инцидент добие казна од десет секунди. Макс беше на својот пат, а Хамилтон мораше да си остане на својот правец. Не можете да удрите во противникот во еден од најбрзите свиоци, каде што лесното допирање може да доведе до фатални последици. Хамилтон треба да знае за ова, рече Марко.

Инцидентот се случи уште во првиот круг, по што Верстапен остана без пласман и заврши во болница на превентивни прегледи, додека Хамилтон на крајот победи и покрај казната од десет секунди која предизвика големи реакции кај љубителите на Формула 1.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона