Реал Мадрид, Баерн и Интер ќе играат пријателски натпревари за борба против коронавирусот

Од:

Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер ќе играат серија пријателски натпревари следната година за да соберат пари за добротворни цели за борба коронавирусот во Италија и Шпанија, соопшти управата на германскиот фудбалски шампион.

Натпреварите ќе бидат дел од т.н. „Европски куп на солидарност“, и илјадници медицински работници ќе добијат билети за својата работа за време на пандемијата на коронавирус.

Датумот на натпреварите ќе биде објавен кога календарот за 2021 година ќе биде јасен и на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат на стадионите.

– Пандемијата на коронавирус тешко ја погоди Европа. И покрај сите страдања и сите проблеми, ние во Германија можеби имаме среќа што нашиот здравствен систем се покажа издржлив во оваа криза. Но, видовме ужасни работи во Италија и Шпанија, и двете земји кои се најпогодени од пандемијата во Европа, рече шефот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Баерн соопшти дека приходите од трите натпревари ќе бидат донирани на медицински установи во Италија и Шпанија. Мадрид ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу Реал и Интер, а Италијанците ќе бидат домаќини на Баерн во Милано.

Реал ќе гостува во Баерн во Минхен.

Германскиот клуб ќе покани 5.000 медицински лица на својот домашен дуел во чест на тоа дека „во моментов вршат исклучителна работа за општеството“, додаде Румениге.

Би можело да ве интересира

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Млад фудбалер го промени спортот и за 40 дена заработи неверојатни 8 милиони евра

Предраг Петровиќ