Реакција: Дали во здравството во Австралија никој не греши?

Од:

Впечатокот на иселеничка од Камбера кој го сподели со јавноста, а според која при посета во Македонија увидела дека на целиот систем, посебно на здравствениот му се случува крах, предизвика реакција кај читател.

Ви го пренесуваме во целост обраќањето до Снежана Димитровска.

Г-ѓо Снежана, ај да баталиме политика на кратко. Некој ја поддржува оваа влада, а некој не. Исто како во Австралија, што некој ја поддржува владата и мисли дека одлично си ја врши работата, а некој мисли дека владата треба веднаш да си оди и да дојде партијата во опозиција. Две целосно спротиставени мислења за успешноста на една влада е убавата карактеристика на демократијата.

Исто како и фактот што во демократско општество се можеш да кажеш и да напишеш. Некој ќе се согласи со тебе, а некој не. Е јас со вас госпоѓо не можам да се согласам. Не за полотичкиот дел, тука во еден сегмент можеби и ќе се согласиме. За другиот сегмент во кој со една несватлива леснотија без да понудите многу факти, а и без ниту еден доказ се нафрливте врз целиот здравствен систем и особено врз докторите и здравствениот персонал.

Истите тие кои во некоја друга зграда во истиот клинички круг во истиот момент кога вие без почит се нафрливте врз нивниот интегритет, способност и пожртвуваност, спасиле некој детски живот, пожртвувано се бореле да спасат релативно млад човек донесен итно во болница во инфарктна состојба или вршеле отворена операција на срце на 76 годишна госпоѓа.

Во истиот тој момент во кој вие безкрупулозно ги нападнавте.

Не кажавте забелешки кои треба сериозно да се земат и да се работи за да се поправат грешките кои, да, се случуваат и во Македонија.

Само во Австралија никој не греши. Или сепак и таму грешат. еве ви еден податок дека никој не е совршен: во Америка од лекарска грешка умираат од 210.000 до 440.000 луѓе годишно според најновата студија на Journal of Patient Safety. Огромна бројка, се согласувам, но на никој на памет не му доаѓа да каже дека американскиот здравствен систем е во распаѓање. Всушност им доаѓа, на опозицијата на актуелната администрција, тие постојано го критикуваат здравствениот систем и здравствената политика на актуелната администрација. Но тоа е политика, јас не сум за политика, само сакав да реагирам во заштита на оние што во оваа наша Македонија се грижат за нашето здравје, што не лекуваат, но и ни ги едуцираат идните доктори. Говорам за професорите на клиниката. Веројатно некои други професори и вас ве едуцирале. Бесплатно. Не ја ставиле куќата под хипотека вашите родители за да ве школуваат.

И на крај едно интересно прашање за размислуванње: колку пари месечно плаќате во австралискиот здравствен фонд (приватен или државен, сеедно)? Колку пати е тоа повеќе од тоа што ние плаќаме тука? Дали знаете дека опремата и за Австалија и за Македонија исто чини? И лекарствата и во Македонија и во Австралија исто чинат! Чисто за споредба и размислување.

Сосема на крај дозволете ми да ви изразам искрено сочуство за загубата на вашиот родител и да ви пожелам добро здравје на вас и вашето семејство.

Со почит,
Ацо Крстиќ
Скопје

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти