Развој на домашните иновации преку партнерства со меѓународни компании

Од:

Во Македонија има потенцијал за развој на иновации, но претприемачите треба да се стремат кон нивна интернационализација преку партнерства со меѓународни компании, смета Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој.

Книјески денеска одржа предавање пред заинтересирани лица за поддршка на иновативни проекти преку четвртиот повик на Фондот, што е отворен до 3 мај година, а преку кој се доделуваат милион и 450 илјади евра. Се планира поддршка на 15 стартапи и 10 проекти на микро и мали средни претпријатија за комерцијализација на иновации.

Најголем дел од проектите за кои се бара поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој се за иновации од ИКТ секторот.

Според проектите коишто досега ги анализирал Книјески оценува дека во државава има телентирани лица за иновации со потенцијал не само на домашниот туку и на странските пазари.

– Тука има многу талентирани лица, многу млади тимови со одлични идеи и мотивација и потенцијал не само за македонскиот пазар туку и надвор. Сретнавме проекти од различни индустрии и сектори, земјоделство, микороелектроника, а доминантни се од ИКТ, изјави Книјески.

Важно е, потенцира, претпримачите и стартапите, да не гледаат само да го надминат прагот на рентабилност, туку да се стремат кон интернационализација, а не само на македонскиот пазар. Таков проблем има и во другите држави во регионот, немаат доволно ресурси да излезат на европскиот пазар. Локалните компании треба да остваруваат партнерства со европски и други интернационални компании за да можат полесно да влезат на странските пазари, рече Книјески.

При одлучувањето за добивање финансиска поддршка преку Фондот, појасни, се гледа иновацијата во однос на производот, услугата и целиот процес, како и нејзината конкурентност на пазарот. Се оценува исто така и тимот, делувањето на пазарот од географска гледна точка, позиционирањето на пазарот и намерата да ја лансираат иновацијата на пазарот. Многу е важен потенцијалот да се излезе надвор од локалниот пазар за да може да се интернационализира стартапот или компанијата, истакна Книјески.

Според директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска, претпријатијата во Македонија веќе препознаваат дека е важно да воведуваат иновации во својот бизнис, што е клучно да бидат поконкурентни и поуспешни и да имаат глобална перспектива. Фондот како институција слична на останатите кои постојат во европски рамки и пошироко обезбедува поддршка на приватниот сектор токму да му помогне да ги надмине бариерите за интернационализација и за поголема конкурентност на странските пазари, рече Поповска.

Фондот за иновации и технолошки развој досега има доделено милион и 500 илјади евра за поддршка на 37 проекти, од кои дел се старт ап и спин оф претпрјатија. Седум проекти се на микро мали и средни претпријатија кои развиваат комерцијализација на иновациии.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов