Рама: 30 јуни историски момент, мојата рака е подадена кон опозицијата за разговор

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во синоќешното обраќање, 30 јуни го нарече исторски момент и ден кога државата ја добила иднината, граѓанството, надежта.

– Историски момент беше 30-ти јуни, на една Албанија, која неколку месеци преживеа сериозни политички тензии, за да го спречат нашиот напредок и интеграцијата на албанскиот народ во ЕУ. Денеска беше денот на кулминацијата на историскиот судир меѓу минатото и иднината, меѓу антидржавата и државата, меѓу старата Албанија, духовите на историјата и праведна Албанија .Денеска победи државата на иднината, граѓанството, надежта. Победи на достоинствен начин европска Албанија, изјави Рама.

Тој се заблагодари на „партнерите на демократска Албанија, САД, нејзината амбасада, ЕУ и делегацијата, мисијата на ОБСЕ и на сите други“.

Рама се задржа и на односите со опозицијата која е надвор од Парламентот, за која рече дека секогаш ќе има подадена рака, но за договор без условувања.

Тој рече дека доколку сакаат политички мир, ќе го имаат, но, за правосудната реформа нема преговори ниту дискусии.

-Ако сакаат политички мир, ќе го имаат, но само доколку се откажат од нападите врз Албанија. Доколку сакаат договор за Албанија, договор ќе има без услови. Мојата рака е подадена, изборните реформи остануваат заеднички предизвик со парламентарната и вонпарламентарната опозиција. Втората има место во комисијата, но за реформата во правосудството нема преговари, ниту дискутира, туку само поддршка. Немам ниту минимален депозит за политичко пазарење со никого, рече тој.

Премиерот даде гаранција дека нема да има отпуштање од работа за лицата кои моментно се вработени во општините што ги водеа градоначалници од десницата.

Најави дека во текот на овој месец ќе почне внатрепартиска дебата за да се „анализира состојбата во семејството на Социјалистичката партија“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија