Ракометарките блиску до ЕП

Од:

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Паневезис ја совладаа Литванија со 32:24

Со победата над Литванија ракометарките направија голем чекор напред кон пласманот на Европското првенство во Холандија.

Иако нашите ракометари во текот на првиот дел имаа најчесто два гола разлика, а во 27. минута и позитива од 3 гола (12:9), сепак Литванките предводени од Лаима Бернатавичиуте и нејзините 9 голови во првото полувреме, ја анулираа негативата односно на одмор заминаа со резултат 14:14.

По седум минути игра во вториот дел избраничките на селекторот Гино Стрезовски стигнаа од 5 голови предност (21:16), која се покажа како клучна за конечниот исход, покрај третото исклучување на најефикасната литванска ракометерака Бернатавичиуте (12 голови).

Најефикасна во нашата репрезентација беше Елена Георгиевска со 8 голови, а свој придонес имаа и Драгана Пецевска со 6 и Јулија Николиќ и Мирјета Бајрамовска со по 5 гола.

Во вториот натпревар од оваа група Турција е поразена од Франција со 23:36 (полувреме 13:14).

На табелата Франција останува водечка селекција сега со 8 бодови, пред Македонија со 6, Турција со 4 и Литванија со 2.

Во последното коло, нашите ракометарки го играат натпреварот против Турција, селекција преку која треба да го потврдат пласманот на Европскиот шампионат. За место меѓу најдобрите селекции на стартиот континент на избраничките на Стрезовски доволен им е и нерешен резултат.

Натпреварот Македонија – Турција е закажан за во недела во СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток 20 часот и 15 минути.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ