Рака: Како живеат луѓето во „престолнината“ на ИД

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Малкумина имаа слушнато за градот Рака во северозападна Сирија пред организацијата Исламска држава да го прогласи за своја престолнина во 2014 година.

Во последните неколку века, тој град во пустината со население од 200,000 лица, всушност немаше големо значење. Тоа е едноставно караванџиска станица на патот меѓу големите градови во западна Сирија и трговските центри во Ирак, како Мосул и Багдад.

Рака започнува нагло да се менува во 70-ите години од минатиот век кога е изградена хидроцентрала на реката Еуфрат. Подемот на земјоделството привлече десетици илјади нови жители и се смени демографијата на градот.

Денес Рака е распространет на местото каде се вкрстуваат две големи патишта: едниот води кон Сирија, а другиот преку голема пустина кон Ирак. Можеби токму тоа е главната причина зошто ИД го избера за „престолнина“.

До неодамна таму имаше државен универзитет и неколку државни професионални училишта. Работеа кафеани и слаткарници, преку летото луѓето се движеа по улиците до доцна, се одмараа во парковите, одеа по ресторани каде се случуваа средби меѓу мажи и жени. И мажи и жени учествуваа во протести против режимот на Асад – пред градот да биде заземен од ИД.

Провинцијата Рака е трета по големина во земјата. Таму немаше индустрија, повеќето луѓе работеа во земјоделството или во државна служба.

Традиционалниот родово-племенски начин на живот се уште е во сила во Рака и во околината. Градот е населен со сунити од западен Ирак. Претходно таму имало курдско малцинство, но и други етички групи. Но Исламска држава ги протера Курдите – нивната лојалност им беше сомнителна на исламистите по судирите на ИД со курдски бунтовници во други реони во Сирија.

Организацијата ја исчисти Рака од востаници и воспостави таму нова власт на која најмногу и се спротивставуваа локалните професионалци и поранешни државни службеници.

По шеријатските закони

ИД создаде шеријатски судови, ефикасно прилагодувајќи ги нормите на исламскиот закон. Раководителот на Рака и соседните провицнии се нарекува валија. Потчинети му се неколку емири – секој одговара за посебен ресор.

Жестокиот систем од казнувања воведен од ИД, ја претвори во безумите секоја идеја за противење или протест. Јавното сечење на глави стана нешто вообичаено во градот – така се изведуваат постапките за оние кои се ставени на долг список и кои се сметаат за престапници против ИД. Власта од ИД во голема мера се потпира на груба сила, а исто толку и на џихадистите од странство.

Локалните жители кои останаа во градот прво се прилагодуваа на законите на ИД. Нивна утеха беше дека организацијата сепак обезбедуваше извесна безбедност, работа на државните услуги и делеше храна. Последните руски и француски бомбадирања сепак ги разрушија системите за вода и струја – а тоа го направи тежок животот на цивилното население. Во Рака има и недостиг на горива, затоа што бомбите ги уништија повеќето складишта за нафта и рафинерии во регионот.

Нејасна иднина

Властите им забрануваат на младите моми и жени да излегуваат од куќите без да ги придружува маж – обично татко им, некој брат или сопругот. Жените се должни да носат никаб, кој им ги покрива телата од горе до долу, оставајќи само отвор за очите.

По улиците во градот патролира специјална полиција, која внимава за почитување на шеријатските закони, вклучително и за облеката на мажите. Пушењето е насекаде забрането; хајки за пушачи прави специјалната полициска единица Ал Хисба и ги казнува прекршителите со камшикување. Сите мажи се должни преку ден да одат во џамија за да се молат.

Кој чува во телефонот фотографија од жена, се казнува со 30 удари со камшик.

Забрането е да се гледаат фудбалски натпревари. Полицијата го затвора секое кафуле каде се пуштаат мечеви на телевизија.

Низ градот патролира и женска полиција, баталјонот Ал Ханса. Таа проверува дали жените по улиците се облечени според правилата на ИД. База на баталјонот се сопруги на борци од организацијата. Целта им е да го контролираат почитувањето на дрескодот и да ги казнуваат прекршителите.

Во градот се забранети и салони за убавина. Воопшто, жените гледаат да си седат дома за да ги избегнат средбите со полицијата или со џихадистите, кои пак демнат жени без сопруг и вдовици за насила да ги омажат. Раѓањето на деца не смее да запре, затоа што младите сопрузи често загинуваат во битките.

Странските борци на ИД најчесто докрај се внесуваат во целата слика. иднината на жените кои влегле во организацијата тоне во магла – вклучувајќи ги и европските жени кои дошле кај џихадистите.

Сиријците од Рака живеат со мислата дека владеењето на ИД еден ден ќе заврши. Но, дотогаш немаат друг избор освен да ги трпат репресите и насилствата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети