Проституцијата и дрогата само со фискална

Од:

Републичкиот завод за статистика на Србија денес ќе ги објави ревидираните податоци за бруто домашниот производ на соседот, во кој за прв пат официјално ќе бидат вклучени и проценките за уделот на сивата економија и нелегалните активности во согласност со препораките на Еуростат, пишува Блиц.

Убедливо најголем придонес во српската економија има просечното ниво на проституција, класифицирано како “огласи за хотелска деловна придружба”.

Тоа значи дека по Хрватска, Британија, Холандија и други земји во ЕУ, и Србија е една од државите која своето БДП го билда преку проституција, трговија со дрога и украдена роба, пишува “Денес”.

Заменик директорот на Заводот за статистика, Миладин Ковачевиќ се уште не открил колкав е растот на српскиот БДП по новата методологија, ниту пак за колку ќе се смали јавниот долг. Меѓутоа, тој објаснил дека противзаконските активности учествуваат со околу 5 до 6 отсто во БДП-то, додека пак сивата економија достигнува и до 15 отсто (а во некои случаи и до 20 осто). Заводот за статистика на Србија ги ревидирал податоците за сите години заклучно со 1995 година.

Еуростат, статистичкото биро на Европската Унија, мината година ја објави препораката ESA 2010 која од септември годинава стапува на сила, според која приходите од нелегалните активности треба да бидат вклучени во пресметката на БДП. Одговарајќи на критиките околу тоа дека статистиката ќе го признава и позитивниот допринес на мафијата, како и дека економијата прифаќа нова методологија, Еуростат констатираше дека “БДП-то не мери морал”.

Како затворањето на фабриките за наркотици го урива БДП-то на Србија?

Член на Фискалниот совет, Никола Алтипармаков вели дека препораката на Еуростат е од маргинално значење за Србија, и тоа поради фактот дека станува збор за најголемата промена на БДП проследена со воведувањето на сивата економија во статистиката.

Според неговите зборови, во земјите на источна Европа (Србија, Бугарија и Романија) сивата зона сочинува дури 30 отсто од БДП-то, а со тоа ваквата цифра не се однесува на вредноста, туку на пазарот.

-За нас важно е да се вклучи сивата економија во пресметката на БДП-то, исто како што прават и останатите држави. Ваквата препорака на Еуростат, го набилда БДП на Бугарија за 10 отсто. Во 2006 година, во Србија беше направено експериментално истражување за пресметка на сивата и црната економија, а тогашниот резултат даде раст на БДП од 15 отсто, вели Никола.

Придонес на мафијата во економскиот раст

Во Велика Британија придонесот на дрогата и проституцијата во предвидениот раст за 2013 година бил 10,9 милијарди евра, што е пола процент од БДП-то. Во Шпанија овие две активности го набилдале БДП за дури 0,85 отсто или 9,2 милијарди евра годишно во 2010 година, додека пак проституцијата и дрогата во Амстердам носат 2,5 милијарди евра годишно. Во Италија пак која има развиен мафијашки сектор, придонесот на нелегалните активности на БДП е скоро 10 отсто, па годинава Италија може да бележи економски раст до дури 2.4 отсто.

Раст на бројот на вработени во секторот проституција

За 2006 година, податоците од српскиот пазар на наркотици говорат дека тогашниот приход од малопродажба на наркотици изнесувал 83,4 милиони евра.

Меѓутоа, како што покажа статистиката големите пари се во проституцијата која е уредно класифицирана како “останати комуникациски друштвени и лични услуги”. Во 2006 година вкупниот приход од проституцијата бил 164 милиони евра, што е двојно повеќе од трговијата со дрога.

Во секторот за проституција од 2003 до 2006 година регистриран е и силен раст на вработени (33,6 отсто), па така бројот на проститутките достигнал 5.408. Тие во просек работеле 220 дена годишно (пет дена во неделата, четири недели месечно, 11 месеци годишно) и заработувале по 156 евра дневно.

Убедливо најголем придонес во српската економија дава просечното ниво на проституција, класифицирано како “огласи за хотелска деловна придружба” во која работат 2900 проститутки кои и покрај фактот дека работеле само 200 дена во годината и тоа за 200 евра дневно тие оставиле приход од дури 116 милиони евра.

На пониско ниво се 2250 проститутки кои се продаваат низ улиците. Тие се далеку повредни, и работат по 260 дена годишно, а заработуваат 60 евра дневно, при што придонесуваат по скромни 35,1 милион евра.

Под нив е високата проституција со само 12,9 милиони евра со само 100 работни денови годишно и заработка од 500 евра на ден. Но очигледно е дека се работи за конкурентен пазар бидејќи во 2006 година имало само 258 проститутки “high class”.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов