Промоција на книга „90 години фудбал во Кочани“

Од:

Во Кочани синоќа беше промовирана книгата „90 години фудбал во Кочани“ од авторите Љубинка Ајтовска,Киро Герасимов,Јордан Минов и Иванчо Захариев, во издание на општина Кочани.

На 120 страници во боја се пренесени документи, фотографии, новинарски записи и сеќавања на живи сведоци на фудбалот во Кочани.

– Книгата е сведоштво за едно време,за голем број љубители на фудбалот,за спортски екипи, натпревари.Од далечната 1924 година кога во Кочани била донесена првата фудбалска топка и изградено првото игралиште кај месноста Слатина па до денес,тоа е сведоштво кое треба да им послужи на идните генерации да учат и ја запознаат историјата на фудбалско Кочани,изјави на промоцијата промоторот Атанас Костовски, истакнат новинар и спортски коментатот во МТВ.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски информира дека книгата е печатена со финансиски средства на општина Кочани и со тоа е оттргнат од заборав  еден дел од богата  спортска историја на Кочанскиот крај.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска