Притвор и 34. кривична пријава за скопјанец за продажба на хероин

Од:

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде А.М. (31) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

МВР денеска соопшти дека за истото дело е осомничен и И.Н. (21),  од Скопје, кој е во бегство.

За стореното кривично дело, од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“, по добиеното сознание дека пријавените во почетокот на месецов, од засега непознато лице-странец, планирале и договарале да набават поголема количина на хероин, превзедоа интензивни мерки и активности за потврдување на сознанието.

Постапувајќи по добиеното сознание, а во консултација со судија на претходна постапка, полициските „АЛФИ“, презеле оперативни мерки и активности при што  пријавените се забележани со моторно возило во близина на општината Гази Баба, како од непознато лице превземаат најлонска кеса. „АЛФИТЕ“ сакале да ги легитимираат, но пријавените се дале во бегство со моторното возило, при што навлегле во слепа улица во населбата Гази Баба, каде А.М. е лишен од слобода, а И.Н. успеал да избега.

При извршениот преглед кај А.М. пронајдена е најлонска кеса, во која по извршеното вештачење е констатирано дека содржела речиси 1,5 килограм хероин, односно 1.496 грама хероин, а пријавениот одбил да даде појаснување од кого го купил и за кој  пазар бил наменет  хероинот.

Инаку А.М., е регистриран  сторител на тешки кражби на подрачјето на општина Центар, за што во периодот 2002/03 година му се поднесени 33 кривични пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Автомобил удрил во малолетник во Скопје – пешакот со тешки повреди

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски