Принс кремиран и погребан на приватна церемонија

Од:

Најблиските членови на семејството и пријателите на американската поп ѕвезда Принс, чија ненадејна смрт пред два дена го шокираше музичкиот свет, се простија од него на мала приватна церемонија по кремацијата на неговите останки.

Во чест на Принс, кој беше еден од најценетите уметници на својата генерација, наскоро ќе биде одржан концерт, изјави неговата портпаролка Ана Мичам.

Таа нагласи дека Принс е кремиран вчера и оти нема јавно да биде објавено каде се чува неговата пепел.

– На приватната церемонија на која му беше упатен последен поздрав на Принс присустуваа мала група на неговите најсакани: семејството, пријателите и неговите музичари, наведе Мичам и додаде дека датумот на одржување на концертот во негова чест наскоро ќе биде објавен.

Поп ѕвездата почина во четвртокот на својот имот во Пејзли Парк, во близина на родниот град Минеаполис.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска