Претседател Иванов се сретна со норвешкиот министер за надворешни работи Бренде

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка Борге Бренде, на која била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на севкупната соработка, како и за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања, за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за безбедносните прашања и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

– Не само нашата држава и регион, туку и Европа, и целиот свет се соочува со сериозни предизвици. Бегалската и мигрантската криза, тероризмот и безбедносните ризици, растечката нетолерантност и непочитување на различностите, непочитувањето на меѓународното право, се само дел од предизвиците, кои бараат тесна соработка и глобални одговори, порачал македонскиот претседател.

Иванов, како што се наведува во соопштението, посочил дека продолжувањето на процесот на проширување треба да биде стратешка цел на ЕУ, независно од внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочува Унијата, а стабилен, безбеден и економски силен Балкан ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Европа. Истакнал дека Република Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Министерот за надворешни работи Бренде истакнал дека Кралството Норвешка силно ги поддржува евроатланските аспирации на Република Македонија, укажувајќи дека интеграцијата на Балканот во ЕУ е од значење за стабилноста и безбедноста на Европа.

Како што се наведува во соопштението, во однос на НАТО интеграцијата, македонскиот претседател истакнал дека Република Македонија е одговорен член во меѓународната заедница и континуирано и активно придонесува за регионалната безбедност и стабилност.

– Република Македонија континуирано ја одржува компатибилноста со НАТО-стандардите и нашето членство во НАТО ќе придонесе во создавањето позитивна клима во земјата и во регионот, рече претседателот Иванов, укажувајќи на потребата за итен влез на Република Македонија во Алијансата.

Македонскиот претседател се заблагодарил за досегашната помош и поддршка од Кралството Норвешка преку бројни програми и проекти со цел унапредување и развивање на повеќе сегменти и сектори во македонското општество.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов