Претприемачите бегаат од Хрватска

Од:

Во последните 3 до 4 месеци помогнав на седум компании да се преселат во Англија. Ниту еден од нив не замина поради големите даноци, ниту еден. Сите си одат поради репресии на даночниците и безобразлукот на даночните инспектори. Сите до еден велат: – Доста ми е веќе, повеќе не можам да ги гледам – се зборови со кои неодамна хрватскиот претприемач Хрвоје Прпиќ потсети на суровата хрватска реалност – Хрватска не само што е земја во која инвеститорите не сакаат да доаѓаат, туку е земја од која сите бегаат, кој како ќе се снајде.

И самиот Прпиќ еден од основачите на ХГ Спот, во февруари оваа година јавно обелодени дека ја сели својата компанија од Хрватска поради даночниот терор. Денес вели дека странските искуства се неверојатно позитивни и дека и понатаму стои зад своите изјави дека на секој инвеститор ќе му советува да не инвестира во Хрватска.

– Странските искуства се неверојатно позитивни. До таа мера што се чувствувам како исплашено дете меѓу британските деловни луѓе во постојан страв дека ќе налетам на некоја мина од непотпишан налог или погрешно направена фактура – вели за Индекс, Прпиќ кој токму поради такви мини и ја преселил компанијата од Хрватска. Да потсетиме, неговата фирма Трилениум била посетена од даночната инспекција и по еден месец не успеале да најдат никаква неправилност; па се одлучиле сметките на нивниот дизајнер да ги прогласат за неисправни, бидејќи на нив не бил наведен ЕМБГ.

Прашан кои се главните предности на работењето во странство во однос на Хрватска и дали има нешто што во Хрватска сепак било подобро и поедноставно, Прпиќ вели: – Основните предности се што бирократијата е намалена на толку мала мера, со обем од 5 до 6 отсто во однос на хрватската бирократија. Често пати помислувам дали воопшто е можно хрватската бирократија да се намали на тоа ниво и мој заклучок е дека не е. Нашиот ментален склоп е таков што е невозможно да се направат толку драстични промени. Во Хрватска единствено подобри и поквалитетни се банките кои имаат однос кон купувачот на исклучително високо ниво, толку високо што тешко некоја држава да може да се мери со нашата. Се друго што е поврзано за државата, државната управа и правосудството е на страната на Велика Британија.

– Во Хрватска треба да се менуваат многу работи, што невозможно е да се очекува повторно да стане посакувана за претприемачите и инвеститорите.

За својата претходна порака на инвеститорите да бидат понастрана од Хрватска, тој вели: – Се уште стојам на тој став. Секој кој инвестира во дејности со вообичаени приходи, подобро е тоа да го прави во некоја стабилна држава отколку во нашата. Исклучок се шпекулантите кои навикнале на висок ризик.

А што се треба да се менува во Хрватска за повторно да стане посакувана за претприемачите и инвеститорите? – Барем 10 години треба да не се менува данокот и законите на прво место. Освен тоа судството треба да е во ред до таа мера, судските пресуди да се донесуваат во денови, а не после години. Потоа да се укинат Законите според кои компаниите работат разни статистички и бирократски извештаи, да се укинат сите парафискални закони, да се поедностават даноците, да се префрли целосната бирократија на Интернет и слично. Во глобала, толку работи треба да се променат, што е невозможно да се очекува – наведе Прпиќ.

Дали Велика Британија е рај за претприемачите?

Интересно е дека повеќето претприемачи кои одлучуваат да го преселат својот бизнис од Хрватска како прва меѓу земјите за отворање на странски компании ја избираат Велика Британија. Сите како предност ја истакнуваат едноставноста и минимализмот на тамошната бирократија и високото ниво на деловна професионалност.

Но, некои се скептични кон таквото масовно селење на хрватските компании во Велика Британија: – Сега сите се сетија да отвараат фирми во Англија, а до вчера не знаеја да пополнат даночна пријава во РХ. Не велам дека нема луѓе кои тоа го прават промислено и со сериозна причина, но тука исто така има и многу поддржувачи на ненамерна пропаганда – се вели во еден коментар.

Еве што Хрвоје Прпиќ вели на тоа: – Ова не е обична публика, се работи за паметни луѓе кои ги водат своите работи успешно во Хрватска. Секако, секогаш се појавуваат луѓе какви ти ги опиша кои затвориле компании во Хрватска бидејќи не работеле добро, па сега мислат дека во Англија ќе биде полесно. Вие кои така мислите не се лажете, не ве уништи државата туку конкуренцијата. Тие кои имаат успешни бизниси и сметаат премногу време поминуваат седејќи со книговодителот и проучувајќи ги законите, ќе имаат повеќекратна корист од преселување. На крај на краиштата, не мора ова да биде лошо. Кога во 60-тите или 70-тите години масовно заминувале да работат во странство, тоа заврши добро за сите нас. Стигнуваа девизи и денес се уште стигнуваат, а конкуренцијата за работни места кај нас се намали. Исто можеби ќе се случи и сега. Повеќе не сакам да го хранам овој ѕвер кој ја пие крвта на сопственото население.

Иако има многу луѓе кои ги преселија фирмите од Хрватска, ретко кој како Прпиќ е подготвен отворено да проговори за сите детали и причини за таквиот потег. Но, еден од нив кој се согласил да зборува за Индекс на оваа тема е риечкиот претприемач Алдо Урем, кој за да ја пресели фирмата надвор од Хрватска бил инспириран токму од Прпиќ.

– Се преселив, т.е. отворив фирма во Велика Британија пред околу шест месеци и на тоа ме инспирираше еден пост на Фејсбук од Хрвоје Прпиќ. Не морав физички ништо да селам, бидејќи работам на интернет, тоа се мали услужни бизнис изработки на веб страници и останати содржини на интернет. Значи, продолжив да работам од дома, но повеќе не плаќам даноци во Хрватска. Тоа ми беше дополнителна мотивација бидејќи не сакам повеќе да го хранам овој ѕвер кој ја пие крвта на сопственото население – наведе Урем.

За сопствените странски искуства вели: – Подобро и попозитивно е речиси се, од самото чувство на слобода и едноставност, чувство дека институциите имаат доверба во тебе, а на прво место е големиот респект на секој кој ќе се одлучи да отвори фирма во Велика Британија, без оглед на тоа за кого и за што се работи.

Компанијата ја отворив за точно 3 часа со пополнување на онлајн формулари, што траеше максимално 20 минути Не ми требаше никаков личен документ, никаков печат ниту дополнителен документ, туку само да ги внесам точните информации за себе и седиштето на компанијата. Тоа се ви кажува, за која едноставност на процедурата се работи – наведе Урем и додава дека во споредба со Хрватска, ништо во Велика Британија не е полошо што се однесува до работењето.

Би им препорачал на луѓето да си го олеснат животот и својот бизнис

И на другите претприемачи Урем дава препорака да го преселат бизнисот од Хрватска: – Секако дека би препорачал на луѓето да си го олеснат живото и својот бизнис – вели Урем, кој е подготвен своите искуства да ги подели со сите на кои им треба совет околу преселување на фирма во странство.

Прашан што според него треба да се промени во Хрватска, таа повторно да биде посакувана за претприемачите и инвеститорите. Урем наведе: – Да се укинат 90 отсто закони кои кочат се, не само стопанството. Не можам тука да навлегувам во детали, бидејќи би одземало премногу време, но едноставноста е мајка на се. Да се поедностави процедурата на горе наведеното ниво, да се прекине теророт на државата и да се ослободи пазарот, да се овозможи на тој кој нема ништо, а само би косел трева, да може целосно бесплатно да отвори компанија и да се обиде, а не да се казнуваат луѓето за нивниот неуспех и да се прогонуваат со даноци.

Кој има проблем со хрватската бирокрааија, може лесно да најде алтернатива

Дарио Крзнар, сопственик на креативната агенција Манифест Медиа, ширењето на својот бизнис надвор од Хрватска го почнал уште пред неколку години. Го прашавме дали размислува за тоа целиот бизнис да го пресели во странство или сепак е меѓу тие кои сакаат да остават барем дел од бизнисот во Хрватска? – Во браншата на развој на софтвери во Хрватска има одличен и недоволно искористен кадар, што ја потврдува се поголемата заинтересираност на странските компании за нашите луѓе. Долгорочните планови се префрлување на многу дејности во Велика Британија, додека тука планира да задржам дел од развојот – вели Крзнар.

Прашан како ги коментира наводите на некои претприемачи дека поради даночната тортура фирмите ги преселиле во странство и дали и самиот имал слични негативни искуства со хрватските даночници и бирократија, Крзнар вели: – Не ме чуди тој став. Според својата природа хрватските претприемачи се постојано во потрага за начин како да го развијат својот бизнис. Денес е полесно од било кога да се отвори фирма било каде во светот, па поради тоа кој и да има проблем со хрватската бирократија може лесно да најде алтернатива. Луѓето имаат одредени очекувања кои можат и не мора да се поклопуваат со начинот на кој функционира системот во Хрватска. Тоа што со сигурност можам да кажам е дека бројот на претприемачи кои се подготвени да ги прифатат моменталните правила на игра е се помал и помал. Моите искуства со хрватската бирократија не се ниту еден од екстремите бидејќи во старт немав преголеми очекувања. Свесен сум дека Хрватска допрва ја чека информатизација и дека пополнувањето на безброј формулари и чекањето во редици на шалтерите е неизбежно.

Какви се странските искуства во споредба со Хрватска – што е подобро и попозитивно, а што сепак се покажало полошо од Хрватска? – За споредба, можам да ја земам Велика Британија и можам да кажам дека не постои никаква сличност со Хрватска, колку тоа и да звучи нереално. Накусо, најголемата разлика е во самиот пристап на работењето и деловниот бонтон. Контактите со државната бирократија се сведени на минимум и целосно е автоматизирано за да можат претприемачите да се фокусираат на развојот на својата дејност. Не би било фер да се споредува секој детал со Хрватска бидејќи Британците сепак уживале во мир и благосостојба многу подолг период од Хрватите – наведе Крзнар.

– Секоја промена на владата, законите или правилниците, ги чувствувам на сопствена кожа и секоја промена не одведе само уште една скала подолу.

Со оглед на сопственото искуство, прашан дали на други претприемачи би им препорачал да го преселат бизнисот од Хрватска, Крзнар вели: – Пред се, на претприемачите би им препорачал да почнат да бидат претприемачи, независно од локацијата. Ако вашата компанија може подобро да работи некаде на друго место, нема што да размислувате. Треба само паметно да се развива бизнисот искористувајќи го позитивниот дел од спектарот. Вистина е дека работењето во Велика Британија е далеку полесно од работењето во Хрватска. Британците дури не се ни сеќаваат дека имало некаква глобална криза, бидејќи знаат дека можат да напредуваат само ако се фокусираат на иднината. Народ кој времето го поминува во расправии околу работи што се случиле пред 20 години нема никаква иднина. Моменталната економска состојба го потврдува тоа.

А што се треба да се промени во Хрватска, повторно да стане посакувана за претприемачи и инвеститори? – Претприемач сум од својата 21 година и секоја промена на владата, законите или правилниците ги чувствувам на сопствена кожа и секоја промена не однесе само уште една скала подолу. Од свое искуство можам да кажам дека пред се треба да се промени менталитетот на народот. Хрватите се навикнати целиот работен век да го поминат во една фирма од која очекуваат за нив да се грижи како родителот за своето дете. Тоа во реалниот свет не постои. Секој човек треба да се грижи за својата конкурентност на пазарот на трудот. Честа е ситуацијата, луѓето по 10 години поминати во една фирма повеќе да не можат да променат фирма. Во тие 10 години тесно се специјализирале за тоа едно работно место кое преку ноќ може да стане непотребно. Тоа доведува до оваа ситуација каде илјадници луѓе бараат работа која повеќе не постои. Верувам дека во следните 10 години нема ништо значајно да се промени на подобро. Сите податоци зборуваат дека сеуште сме на надолна линија. Пазарите се повеќе се отвораат и прашање е колку идните генерации на претприемачи ќе ја земат Хрватска предвид за развој на своите дејности – наведе Крзнар.

 

Индекс – Загреб

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он