„Преспа бизнис форум 2016“ во Отешево

Од:

Во организација на општина Ресен со поддршка од Постојаната работна група за рурален развој во земјите на Западен Балкан – SWG преку програмата „Луѓе за Луѓе“ на 1. и 2 декември во Отешево ќе се одржи „Преспа бизнис форум 2016.

На настанот ќе присуствуваат градоначалниците на Ресен, Корча и Пустец, Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко, амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов, како и преставници од бизнис секторите од трите општини

Бизнис форумот е продолжување на активностите почнати со потпишувањето на меморандумот за економска соработка меѓу општините Ресен, Корча и Пустец минатата година, а присутните ќе разговараат за можностите и начините за соработка меѓу бизнис заедниците во прекуграничниот регион Преспа.

Посебено внимание се очекува да привлече можноста за соработка и воспоставување одржливи иницијативи за заеднички економски прогрес во земјоделството, туризмот и прехранбената индустрија, економски сфери кои се застапени во трите општини.

Делегациите од Албанија ќе посетат и неколку фабрики во Преспа со цел директно се запознаат со можностите на ресенската индустрија.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска