Погба: Ако продолжиме вака, нема кој да не сопре

Од:

Францускиот фудбалер од средниот ред, Пол Погба, беше исклучително среќен по пласманот на неговата репрезентација во полуфиналето на Светското првенство во Русија, откако „триколорите“ извојуваа победата од 2:0 над Уругвај во вчерашното четвртфинале.

– Од самиот почеток беше јасно дека нема да има убав и технички натпревар, туку тешка борба. Тоа е токму она што се случи. Имаше агресија, се боревме и мораше да останеме силни ментално. Гризман беше над сите. Со вториот гол буквално ги „запали“ ракавиците на голманот, изјави халфот по мечот.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед смета дека со таква игра неговиот тим може да ја освои титулата.

– Се надевам дека повторно ќе можеме да ги израдуваме луѓето. Ние сме како семејство и ако продолжиме во истиот дух, нема кој да не сопре. Тоа го докажавме со нашата презентација на теренот, вели Погба.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска